СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО КАБУЛ Во џамија убиени и повредени околу 35 луѓе
Болницата во Кабул на Твитер објави дека примила 27 повредени, меѓу кои и седумгодишно дете.
Силна експлозија одекна за време на вечерна молитва во џамија во Кабул и се стравува дека има многу загинати и повредени, соопшти полицијата.
Претставник на талибанското разузнавање изјави дека можеби се убиени или повредени 35 лица.
Ал Џезира објави, цитирајќи неименуван функционер, дека загинале најмалку 20 луѓе.
Болницата во Кабул на Твитер објави дека примила 27 повредени, меѓу кои и седумгодишно дете. Нападот се случил во населбата Каир Кан. Меѓу загинатите е и имамот на џамијата.