ФАШИЗМОТ НЕКАДЕ НЕ СЕ ТОЛЕРИРА Салутирал нацистички кон израелски спортисти, веднаш завршил в затвор

Чуварот е уапсен во незгоден момент, зашто Минхен е домаќин на Европското првенство во атлетика, токму пред 50-годишнината од масакрот на Олимпијадата во кој беа убиени 11 Израелци.

684

Германски чувар е уапсен откако салутирал со нацистички поздрав пред група израелски спортисти што го посетиле споменикот на жртвите од масакрот на Олимписките игри во Минхен во 1972 година, пишува „Франс прес“.

Шеснаесет израелски спортисти, учесници на Европското првенство во атлетика, синоќа биле во Олимпискиот парк во Минхен кога тоа се случило. Еден од четворицата присутни чувари бил забележан околу 19:20 часот како поздравува со забранетиот поздрав на Хитлер.






Полицијата веднаш го уапсила 19-годишникот од Берлин и му бил забранет понатамошен пристап на првенството. Израелските спортисти, сепак, не го ни забележале гестот, соопшти полицијата.

Чуварот е уапсен во незгоден момент, зашто Минхен е домаќин на Европското првенство во атлетика, токму пред 50-годишнината од масакрот на Олимпијадата во 1972, во кој беа убиени 11 Израелци. Напнатоста ја зголеми и одбивањето на палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој пристигна во Берлин во вторникот, да го осуди масакрот што го извршија палестински терористи. Наместо тоа, на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц, Абас потсети на состојбата и страданијата во палестинските територии.

На 5 септември 1972 година, осум вооружени мажи се уфрлија во Олимпиското село во Михнен и влегоа во станот на израелскиот тим, убија двајца спортисти и зедоа девет заложници, заканувајќи им се дека ќе ги убијат доколку Израел не ослободи 232 палестински затвореници. Германската полиција организираше спасувачка операција, која не успеа, и сите заложници загинаа. Убиени беа и еден германски полицаец и петмин членови на палестинската екстремистичка организација „Црн септември“, кои ги киднапираа спортистите.

Поврзани содржини