КАЈЛИ ЏЕНЕР НАПОЛНИ 25 ГОДИНИ Милијардерката направи роденденска прослава со огномет (ФОТО)

Кајли Џенер, најмладата сестра од кланот Кардашијан-Џенер и една од најбогатите сестри, наполни 25 години

1,291

Кајли Џенер, најмладата сестра од кланот Кардашијан-Џенер и една од најбогатите сестри, наполни 25 години. Познатото семејство не пропушти да го одбележи овој настан и на Инстаграм објави многу честитки за нејзиниот роденден.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Jenner News (@kyliesnapchat)







Ким Кардашијан ја пофали својата помлада сестра Кајли Џенер што и дала „толку многу љубов и среќа“ и сподели колекција од фотографии на кои таа и нејзината сестра позираат и наздравуваат.

„Среќен роденден забава девојко. Секоја година ме изненадува твоето мудро, заштитничко и дарежливо срце. Ти си толку посебна и уникатна. Имаш толку многу љубов и среќа во твоето срце што се молам да трае вечно. Среќен роденден Кајли, те сакам многу!!! Засекогаш!!!“, напиша Ким.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


Мајката Крис и сестрата Кендал исто така објавија фотографии од детството на Кајли за да го прослават нејзиниот роденден.

Крис сподели бројни фотографии од нејзината најмлада ќерка Кајли кога била дете и една актуелна нивна заедничка фотографија.

Заедно со објавата напишала: „Среќен роденден на моето девојче Кајли! Ти си остварен сон и најневеројатната ќерка, мајка, сестра, тетка, пријателка и толку мудра надвор од твоите години!“

Крис продолжи да ја пофали Кајли дека е неверојатна мајка и заклучи дека таа секогаш ќе биде нејзиното мало девојче.

Манекенката и постара сестра на Кајли, Кендал (26) на својот инстаграм-стори ги сподели нивните заеднички фотографии, како и големиот огномет од роденденската прослава.

Со раскошната прослава се пофали и Кајли на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Jenner News (@kyliesnapchat)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини