УСПЕШНО ПОЛУГОДИЕ ЗА ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ Нето профитот по оданочување достигна 39,4 милиони денари

И покрај проблемите со испоракa на возила на глобално ниво кои го забавија европскиот пазар за 14%, пазарот на нови автомобили во Македонија за првите шест месеци забележа раст од 13% споредбено со првите шест месеци од 2021 година, благодарение на добрата продажба во јуни која пред сѐ должи на испораките за рент-а-кар компаниите.

47

Врз основа на неревидираните финансиски извештаи за првите шест месеци од 2022 година, а споредено со првите шест од минатата година, Шпаркасе лизинг ДОО Скопје оствари силни перформанси во сите сегменти на работењето, што придонесе и за раст на вкупното портфолио од 16,8% споредено со почетокот на годината.

Во овој период е постигнат раст на финансираниот волумен на лизинг трансакции од 52,1% и раст на бројот на новофинансирани лизинг предмети од 16,3%.






Позитивните движења условија одлични финансиски перформанси, односно раст на приходите од камати за 20,7%, раст на приходите од надоместоци за 31,8%, сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 27,4%, нефункционалните побарувања се задржаа на ниво од 1,9%, а нето профитoт по оданочување достигна 39,4 милиони денари.

Во текот на првата половина од годинава Шпаркасе лизинг ДОО Скопје забележа силен раст во сите сегменти на работењето, иако влијанието на зголемените рокови на испорака на возила како резултат на пореметувањата на синџирите на снабдување и зголемените цени значително се чувствува на пазарот.

И покрај проблемите со испоракa на возила на глобално ниво кои го забавија европскиот пазар за 14%, пазарот на нови автомобили во Македонија за првите шест месеци забележа раст од 13% споредбено со првите шест месеци од 2021 година, благодарение на добрата продажба во јуни која пред сѐ должи на испораките за рент-а-кар компаниите.

Шпаркасе лизинг ДОО Скопје со својата соодветна поставеност на пазарот и понуда на флексибилни производи и услуги дојде до раст на финансираниот волумен на лизинг трансакции за 52,1% и раст на бројот на новофинансирани предмети за 16,3% споредено со првите шест месеци од 2021 година со што ја потврди својата улога на пазарен лидер.

Значајно е да се напомене дека одличен раст е остварен во двата „core“ сегменти во работењето, патничките возила и тешките товарни возила со раст од 39,5% и 137,5% респективно, споредено со првата половина на 2021 година.

Приходите од каматите се зголемија за 20,7%, со раст на приходите од надоместоци за 31,8%, при што трошоците за исправка на вредност останаа под буџетираното ниво благодарение на стабилното и здраво портфолио. Како резултат на овие движења, нето добивката по оданочување за првите шест месеци од 2022 изнесуваше 39,4 милиони денари.

Втората половина на 2022 година се очекува да биде исполнета со предизвици, пред сѐ, од аспект на претходно споменатите нарушувања во синџирите на снабдување, намалената понуда на возила, како и растечката инфлација, и сѐ поевидентните нагорни движења на каматните стапки на европскиот, а со тоа и македонскиот финансиски пазар.

– Шпаркасе лизинг продолжува со силна поддршка на македонската економија и бизнис, при што во следниот период ќе се фокусирамe на воведување нови производи и услуги, како и на дополнително забрзување на постапката за реализиција на нови договори со цел одобрување и реализација за 24 часа од моментот на аплицирање – истакна Марјан Манчев, извршен директор на Шпаркасе лизинг ДОО Скопје.

Поврзани содржини