ЕМОТИВНО ИСПРАЌАЊЕ ОД ИВАНА ТРАМП Се грижеше за нас со железна рака и златно срце

На погребот дојдоа и Доналд Трамп и неговата сегашна сопруга Меланија, како и сите деца на Доналд и Ивана - Иванка, Ерик и Доналд Трамп помладиот.

1,223

Ивана Трамп, претприемачка, модна дизајнерка и поранешна сопруга на Доналд Трамп, беше погребана во средата во Њујорк.

На погребот дојдоа и Доналд Трамп и неговата сегашна сопруга Меланија, како и сите деца на Доналд и Ивана – Иванка, Ерик и Доналд Трамп помладиот.

 







– Имаше памет, имаше убавина. Таа беше олицетворение на американскиот сон. Таа беше сила на природата – рекол синот Ерик.

– Таа се грижеше за нас трите деца со железна рака, но и со златно срце – додал Ерик.

Убави зборови за мајка си имала и Иванка Трамп, која не можела да ја задржи тагата.

– Додека растев, мајка ми не ми кажа дека жената може да прави што сака, таа ми покажа. Таа оставаше свој белег и кај мажите и кај жените. Еднаш ми рече дека не постои нешто што не може да прави во штикли. Таа нè научи како да ловиме риба со копје, а потоа да го зготвиме она што го уловиме. Нашата мајка ни го прошири умот – рекла таа.

Да потсетиме, првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп, почина во четвртокот вечерта во својот дом во Њујорк. Според наодите од обдукцијата, смртта настапила по пад од скали, случајно, пишува „Њујорк тајмс“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Trump (@ivanatrumpfan)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини