ЛЕТОТО НЕ Е НИ ДО ПОЛОВИНА, А 11 ЛИЦА ВЕЌЕ СЕ УДАВЕНИ ВО АЛБАНИЈА Недостигаат спасувачки екипи

Минатото лето, најмалку четири лица се удавија додека пливаа долж албанскиот брег. Претходните години беа забележани повеќе несреќни случаи во текот на целата сезона.

268

Во Албанија до сега починати 11 лица кои се имаат удавено одо недостиг на спасувачки екипи на плажите.

– Бројот на спасувачи е минимален а на одредени плажи и ги нема – објави информативниот сајт „Егзит“.






Ова е проблем веќе неколку години. Во 2014 година, Националната крајбрежна агенција обучи 41 студент по спорт како сертифицирани спасувачи, но тие никогаш не беа распоредени.

Летото 2021 година, најмалку четири лица се удавија додека пливаа долж албанскиот брег. Претходните години беа забележани повеќе несреќни случаи во текот на целата сезона.

– Според одлука на владата, секое правно лице кое има концесија на површина на плажа мора да обезбеди спасител и набљудувачка кула, но тоа не се спроведува – изјавија од сајтот.

Роберт Нечаи, потпретседател на Албанската федерација на спасувачи, рече дека многу од смртните случаи можеле да се избегнат доколку имало спасувачи на соодветните плажи.

Последен ваков случај беше минатата недела кога се удави 19- годишно момче во обид да ги спаси помалиот брат (15)  и неговиот другар.

Поврзани содржини