СОНЧЕВО СО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ Температурата до 36 степени, УВ индексот е 8

Утре температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а во недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има благо опаѓање на температурата особено во северните делови.

44

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.






За време на викендот наместа ќе има зголемена облачност. Утре температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а во недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има благо опаѓање на температурата особено во северните делови.
Во вторник ќе има зголемена облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Значителен пораст на температурата се очекува од среда.

Поврзани содржини