„ПУКНА ТИКВАТА“ ПО 10 ГОДИНИ ЉУБОВ Се разведуваат Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска

Српскиот автор и водител Огњен Амиџиќ и топ-моделот Данијела Димитровска со потекло од Македонија, се обратија до јавноста со соопштение дека се разведуваат.

1,224

Кога во 2009 година ја видел Данијела Димитровска, тогаш оженетиот Огњен Амиџиќ сфатил дека таа е жената со која сака да го помине остатокот од животот. Три години подоцна се венчале, но нивната љубов опстана само една деценија, а Огњен ја проживува репризата на брачниот бродолом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srb VIP (@srbija.v.i.p)







Српскиот ТВ-водител Огњен Амиџиќ и моделот Данијела Димитровска, се обратија до јавноста со соопштение дека се разведуваат. Иако делуваа како хармоничен пар, без кавги и скандали, ненадејно и двајцата решија да продолжат понатаму, но соло.

„Сакаме да ве информираме дека решивме да се разделиме, а одлуката за разводот ја донесовме заедно. Ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син и во оваа прилика повеќе нема да се огласуваме ниту да даваме изјави. За нашиот развод не е виновна трета личност, така што нема простор за дополнителни шпекулации. Им благодариме на сите медиуми за досегашната соработка и ве молиме да ја почитувате одлуката да не зборуваме на оваа тема“, рекле Огњен и Данијела во заеднички соопштение за медиумите.

Амиџиќ претходно беше во брак со Милица Марковиќ, која ја запозна на работа. Тие се венчаа во 2006 година, а се разведоа во 2010 година, кога со заедничка изјава и се обратија на јавноста.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини