НА РИБАКИНА Ѝ ГО СПОМНАА ПУТИН Еве што одговори, а зборувајќи за родителите се расплака
Од моја гледна точка, можам само да кажам дека го претставувам Казахстан. Не избрав каде ќе се родам. Луѓето веруваа во мене и Казахстан ме поддржа. И денес почувствував поддршка, ги видов знамињата... Па не знам што да ви одговорам!, изјави младата тенисерка кој е родена во 1999 година која до пред четири години ја претставуваше Русија.
Новата победничка на Вимблдон е 23-годишна девојка родена во Москва, а која од пред четири години живее и игра тенис за Казахстан. Елена Рибакина им го зема вниманието на светските медиуми откако нејзината денешна победа го засени фактот што Русите и Белорусите не можат да играат на турнири поради западните санкции, пишува Мондо.
“They would be super proud” 😊
Elena Rybakina was asked how her parents would react to her being crowned Wimbledon champion#Wimbledon | #CentreCourt100 pic.twitter.com/HOKUL4pFfQ
— Wimbledon (@Wimbledon) July 9, 2022
Таа се расплака кога со новинарите зборуваше за своите родители. Но, на прашањето дали ги осудува војната во Украина и потезите на Путин, таа одговори со „Извини, не те слушнав“.
На повтореното прашање Рибакина мирно одговори …
– Извинете, мојот англиски не е најдобар. Не го разбрав вториот дел од вашето прашање. Од моја гледна точка, можам само да кажам дека го претставувам Казахстан. Не избрав каде ќе се родам. Луѓето веруваа во мене и Казахстан ме поддржа. И денес почувствував поддршка, ги видов знамињата… Па не знам што да ви одговорам! – изјави младата тенисерка кој е родена во 1999 година која до пред четири години ја претставуваше Русија.
Слично вакво фијаско Рибакина доживеа кога го освои полуфиналето на Вимблдон.