РУСИЈА ГО СОПИРА КАСПИСКИОТ НАФТОВОД? Цевката преку Црното Море ќе биде суспендирана на месец дена

Конзорциумот ги вклучува американските фирми Шеврон и Ексон, а испорачува 1 отсто од светската нафта преку Црното Море.

590

Рускиот суд одлучи на месец дена да ги прекине активностите на Конзорциумот за Каспискиот гасовод(КПЦ), еден од најголемите светски нафтоводи. Од КПЦ велат дека ќе мораат да се држат до пресудата со која се суспендираат операциите поради наводно излевање на нафта. Конзорциумот ги вклучува американските фирми Шеврон и Ексон, а испорачува 1 отсто од светската нафта преку Црното Море.

Во моментов, извозот кон Европа преку морето сѐ уште тече, пишува Ројтерс.

Поврзани содржини