Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието, соопшти вечерва СДСМ.
Ова е обид за повторување на насилството од 27 април, велат од владејачката партија.
Демократската унија за интеграција најостро го осудува „насилството и антиевропските инциденти што се случија вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието“.
„Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните“.