МАКЕДОНЦИТЕ ЈА ОСВОИЈА ДИОКЛЕЦИЈАНОВА ПАЛАТА На сладолед со тартуфи кај Дејан Карапеев

Гордана Гарбин и Дејан Карапеев се скромни, па не си ги придаваат себеси сите заслуги за успешноста на рестораните во кои се партнери, но ние не можеме да не се чувствуваме горди затоа што двете локации кои се на највисоките места на листата на Трип адвајзер се поврзани со Македонци. А да не зборуваме за најновата иновација на шеф Дејан – домашниот сладолед со тартуфи!

554

Замислете, се шетате низ Диоклецијановата палата во Сплит и доаѓате до најголемата тераса во која се сместени фајн дајнинг ресторанот Портофино и Коноба Корта и каде што, освен што можете да наслушнете дека некои од келнерите се Македонци, а тоа секако повеќе не е воопшто некоја реткост, Македонци се и нивните сопственици.

Имено, ресторанот „Портофино“ го држи неготинчанката Гордана Гарбин, инаку мажена за Далматинецот Денис Гарбин, а скопјанецот Дејан Карапеев е косопственик и шеф на кујна на Коноба Корта.






И згора на се, нивните ресторани се на врвот од листата на најдобрите на Трип адвајсер. А тие двајца, онака скромни, не си ги придаваат себеси сите заслуги за успешноста на рестораните во кои се партнери. И точно, можеби не е работата во тоа што станува збор за Македонци, бидејќи, половина од работата завршува и преубавата локација, ама не може да заборавиме дека и сите останати ресторани, коноби, кафулиња се наоѓаат во истиот убав град на море, па не се толку горе на оваа листа на најдобри локали на сајтот Трип адвајсер, а освен тоа, ете, едноставно не можеме да ја зауздаме гордоста што овие две омилени места на туристите во овој град се поврзани со Македонци.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини