ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА СТАНОВИТЕ ВО КОМПЛЕКСОТ „ГРАНД СКОПЈЕ“ Најлуксузните станови се најгоре со огромни тераси и со високи тавани

Цената на становите не е по метар квадратен, туку зависи на кој кат е станот, големината, ориентацијата, како и од големината на терасата.

1,815

Голем е интересот за купување станови во најцентралната локација на Скопје, вели архитектот Илија Божиновски, директор на компанијата „МГ ФЕШН“ која го гради комплексот „Гранд Скопје“, спроти хотелот „Холидеј Ин“. Првиот објект, наречен „Гранд Ривер“ кој се гради во моментов, веќе побудил интерес на само кај жители на Скопје, и други градови од државата, туку интерес за купување станови имаат и странци, рече Божиновски во емисијата „Утрински брифинг“.

– Првиот објект има 20 ката, и на секој кат има од сите типови станови – двособни, трособни и четирисобни. Секој од становите има тераса, а секоја од страните нуди посебен и убав поглед на свој начин. Еден дел од становите се со поглед на Водно, а другите со поглед на реката Вардар и Скопска Црна Гора – рече Божиновски.






Граѓаните кои ќе купат стан во комплексот нема да имаат грижа за паркирање на сопствените возила, бидејќи под комплексот ќе има три ката подземни гаражи. Комплексот кој сега се гради ќе има околу 200 стана, а во градбата се применуваат најсовремени архитектонски и градежни материјали.

– Применуваме сѐ што е неопходно за да имаме висок квалитет на станбен простор, термоизолација, термотехничка инсталација, електрика, посебни системи за гаснење пожар. Становите ќе бидат поврзани на централно градско греење – вели Божиновски.

Најлуксузните станови се на најгорниот кат од комплексот. За разлика од сите други објекти кои се прават во Скопје, овие станови ќе имаат огромни тераси и високи тавани од по 4 метри, како и голема квадратура, објасни архитектот.

Цената на становите не е по метар квадратен, туку зависи на кој кат е станот, големината, ориентацијата, како и од големината на терасата. Становите ќе бидат готови за околу две години, по што ќе следи реализацијата на останатите објекти од комплексот „Гранд Скопје“.

Kомплексот „Гранд Скопје“ ќе се гради во 4 фази, ќе биде со мешана намена, односно составен од две станбени и една административна зграда, кои ќе бидат поврзани со отворен шопинг-простор во приземјето, а пак во центарот на комплексот ќе има урбан парк од околу 7.500 м2.

Поврзани содржини