САУДИСКА АРАБИЈА ЌЕ ГО ПОПОЛНИ ПАЗАРОТ НА РУСКА НАФТА Цената на нафтата почна да паѓа
Русија е втор најголем извозник на сурова нафта во светот зад Саудиска Арабија.
Цените на нафтата паднаа откако Саудиска Арабија соопшти дека е подготвена да го зголеми производството на сурова нафта доколку производството на Русија значително падне по санкциите на Европската унија.
Меѓународните референтни фјучерси на суровата нафта Брент последен пат поевтинија за 1,68 отсто на 114,34 долари за барел. Фјучерсите на американската сурова нафта паднаа за 1,87 отсто на 113,10 долари за барел.
Лидерите на ЕУ во понеделникот се согласија да забранат 90 отсто од руската сурова нафта до крајот на годината како дел од шестиот пакет санкции на блокот кон Русија поради војната во Украина.
Русија е втор најголем извозник на сурова нафта во светот зад Саудиска Арабија.