СТРАНСКИТЕ ПЛАТЕНИЦИ НЕ ГИ ТРАМПАМЕ Смртна казна или руски затвор ги очекува Британците и Мароканецот од Мариупол

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека „платениците кои пристигнале во Украина не се борци и дека најдоброто нешто што ги очекува е долготраен затвор“.

757

Странските платеници кои учествуваа во војната во Донбас на украинска страна нема да бидат разменувани, изјави денеска Елена Шишкина, претседателката на Комитетот за кривично и административно законодавство на Народниот совет на самопрогласената Доњецка Народна Република. Наместо тоа, двајцата Британци и Мароканецот кои во април во Мариупол им се предадоа на руските трупи би можеле да се соочат со смртна казна.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека „платениците кои пристигнале во Украина не се борци и дека најдоброто нешто што ги очекува е долготраен затвор“.






Тој истакна дека според меѓународното хуманитарно право странските платеници немаат статус на регуларни војници.

Поврзани содржини