ВИДЕО ОД ОДРОНОТ НА ПАТОТ КОН БЛАЦЕ Сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање возила
Поради одрони на патот на улица „Јадранска магистрала“ поточно на м.в. Вражји вир, сообраќајот не е во прекин и се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информираат вечерва од АМСМ.
Сообраќајот кон граничниот премин Блаце се одвива со наизменично пропуштање на возила, поради одрон во близина на местото викано „Вражји вир“. На фејсбук се појави видео од одронот.
„Поради одрони на патот на улица „Јадранска магистрала“ поточно на м.в. Вражји вир, сообраќајот не е во прекин и се одвива со наизменично пропуштање на возилата“, информираат вечерва од АМСМ.
Претходно, денеска сообраќајот беше прекинат во двата правци.