ДОНАЦИЈА ОД УНГАРИЈА 72.000 брзи антиген тестови за ковид-19 за македонското здравство

80

Министерството за здравство информира дека преку донација од Република Унгарија обезбедени се 72.000 брзи антиген тестови за ковид-19.

На примопредавањето на донацијата, како што информира Министерството на социјалната мрежа Фејсбук, присуствувале унгарскиот амбасадор Ласло Дукс и министерот за здравство Беким Сали.






– Тестовите веднаш ќе бидат распределени во здравствените установи и со нив значително се олеснува пристапот на пациентите кон тестирање, а се олеснува и движењето на пациентот во установата со цел добивање на неопходниот здравствен третман – изјави министерот Сали.

Тој се заблагодари за поддршката и солидарноста од страна на Унгарија, со цел поуспешно справување со КОВИД пандемијата

 

Поврзани содржини