СКРШЕНИ ОРМАНЧИЊА, ИЗВАДЕНИ ОСИГУРУВАЧИ Вандали го оставија Градскиот парк во мрак

Службите во Градот Скопје по повод овој вандализам го известија Министерството за внатрешни работи, се надеваме на соодветно постапување од страна на надлежните институции.

206

По реакција од чуварските служби на Град Скопје дека во Градскиот парк вчеравечер немало улично осветлување, надлежните градски екипи веднаш излегле на терен во увид и во рок од 15-тина минути го санирале проблемот.

– При увидот утврдено е дека непознати сторители насилно ги отвориле кутиите (орманчиња) за електрична енергија кај ЗОО Скопје и во близина на споменикот на Гоце Делчев, а осигурувачите биле исклучени. По истото е веднаш постапено и беше вклучена електричната енергија за осветлувањето на Градскиот парк – информират од Град Скопје.






Градот Скопје остро ги осудува ваквите дејствија, апелираме до граѓаните да не се врши насилно отворање на ормарите за електрична енергија, затоа што со тоа се доведува до опасност мрежата за електрична енергија и се загрозува безбедноста на посетителите на Градскиот парк.

Службите во Градот Скопје по повод овој вандализам го известија Министерството за внатрешни работи, се надеваме на соодветно постапување од страна на надлежните институции.

Поврзани содржини