11 ГОДИНИ СО ПЛУСИНФО Неуморно трагање по вистината

Благодарност до нашите колеги, сегашни и поранешни, кои неуморно и со свежи идеи придонесуваат Плусинфо да го одржи високото ниво на професионално известување, да ги почитува врвните новинарски стандарди и правила и да биде пример за објективно и непристрасно информирање исклучиво во интерес на вистината.

183

Во услови на голема светска економска и енергетска криза, трета година пандемија со ковид-19 и со бројни други домашни предизвици на политички план, информативниот портал Плусинфо ја ситни втората деценија од своето постоење.

Во текот на минатата година го освеживме изгледот со нов дизајн, а содржината ја збогативме со потсајтот Панорама, каде објавуваме интересно, поучно и забавно четиво. Заедно со порталите Арткујна и Мајка и дете кои постојат засебно, но се интегрирани во Плусинфо, им нудиме на читателите разновидни текстови кои можат да го задоволат сечиј интерес и вкус.






Плусинфо и натаму е на врвот на информативните интернет медиуми со доверба и со читаност. И во иднина планираме нови и поинакви содржини со цел да го задржиме вниманието на разновидната читателска публика.

Ова е можност да се заблагодариме на довербата на нашите долгогодишни соработници кои веруваа во нас и веќе се со нас подолго од една деценија. Особено сме благодарни што и во време на пандемија и економска криза таа соработка не прекина.

Благодарност до нашите колеги, сегашни и поранешни, кои неуморно и со свежи идеи придонесуваат Плусинфо да го одржи високото ниво на професионално известување, да ги почитува врвните новинарски стандарди и правила и да биде пример за објективно и непристрасно информирање исклучиво во интерес на вистината.

Благодариме што нѐ читате, а ние продолжуваме да бидеме љубопитни трагачи по вистината!

Поврзани содржини