729 ОВОШТАРИ ОД РОСОМАН ДОБИЈА НАДОМЕСТ Исплатени 33,8 милиони денари за ланските временски непогоди

Владата излезе во пресрет на нашите овоштари и покажа вистинска грижа за овоштарите, се со цел одржување на насадот, соопшти градоначалникот на Росоман, Стојан Николов.

153

Исплатен е надомест за штета од елементарни непогоди на 729 овоштари од Росоман, информираше попладнево росоманскиот градоначалник Стојан Николов.

„Денес врз основа на одлука на Влада бр.41-3162/1, на сметките на 729 овоштари исплативме 33.760.718 денари за надомест на штета од елементарните непогоди кои ги зафатија овошните насади во 2021 година. Владата излезе во пресрет на нашите овоштари и покажа вистинска грижа за овоштарите, се со цел одржување на насадот“, соопшти Николов.






Тој нагласи дека грижата за овоштарите  но и за секој еден граѓанин, ќе продолжи и понатаму.

Поврзани содржини