ШТЕТИТЕ ЌЕ СЕ НАДОМЕСТАТ Мицкоски порача дека граѓаните не се оставени сами на себе

0

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека надлежните интитуции ќе ги надоместат штетите кои ги предизвика вчерашното невреме во земјата.

– Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа штетите заедно со институциите кои што се во нивна надлежност. И денеска ќе продолжат. Навистина подготовката од нивна страна и мотивацијата беше голема, штетите ќе се констатираат и согласно закон, искуство и пракса од минатото ќе биде од страна на надлежните институциите сето тоа рефундирано.






На прашањето дали Владата има механизми за помош во овој случај, Мицкоски рече:

– Апсолутно, како и во секоја елементарна непогода.

По вчерашното невреме во Скопје лекарска помош побарале 33 лица на Ургентниот клинички центар и на Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Оштетени се и објекти на државни институции.

Поврзани содржини