НАТО НЕМА ЦЕЛ ДА ГО СИМНЕ ПУТИН ОД ВЛАСТ Шолц ја појасни изјавата на Бајден

Бајден завчера во Варшава кажа дека неговиот руски колега Владимир Путин „не треба да остане на власт“, ​​а Белата куќа веднаш увери дека Бајден не повикал на „промена на режимот“ во Москва.

489

Промена на режимот во Русија не е цел на НАТО и покрај руската инвазија на Украина, подвлече синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц.

– Промената на режимот во Русија не е цел на НАТО или на американскиот претседател. Имав можност опширно да разговарам со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа, а разговаравме и за овие прашања – изјави канцеларот на германскиот јавен канал АРД.






Бајден завчера во Варшава кажа дека неговиот руски колега Владимир Путин „не треба да остане на власт“, ​​а Белата куќа веднаш увери дека Бајден не повикал на „промена на режимот“ во Москва.

– Демократијата, слободата и правото имаат иднина насекаде, и јас сметам на длабоката желба што ја имаме како луѓе да живееме во демократија – објасни Шолц.

Тој додаде дека  „меѓутоа, на луѓето и на нациите е  да се борат за таа слобода”.

– Она што треба да го гарантираме е дека нема повреда на интегритетот и суверенитетот на државите – наведе Шолц.

На прашањето за испораките на оружје од Германија, кои Киев ги смета за недоволни, канцеларот одговори дека тие прават се што е во нивна моќ.

Според него, оружјето што Западот веќе го испорача овозможило „значителни успеси“.

Поврзани содржини