ПУТИН СЕ СМЕЕШЕ НА ШЕГАТА НА ЗЕЛЕНСКИ Изброј ги луѓето во Русија девет пати за да бидеш среќен (ВИДЕО)

Што сакал Зеленски да каже со шегата? Според рускиот новинар Слава Маламуд, тој сакал да го „чепне“ Путин за големиот пад на населението што тогаш се случуваше во Русија, но и да имплицира дека Путин засекогаш ќе остане на власт.

5,701

Видео од раните 2000-ти години кога рускиот претседател Владимир Путин дојде на власт, а неговиот колега Володимир Зеленски уште беше комичар ги преплави социјалните мрежи. Зеленски на сцена кажува досетка, а Путин искрено се смее и публиката аплаудира.

– Путин неодамна доби писмо во кое пишуваше „изброј го населението девет пати и ќе бидеш среќен“ – рече Зеленски и ги насмеа луѓето.

 






Зеленски мислеше на популарните писма кои тогаш, во 2000-тите години се препраќаа низ цела Русија, со порака „препрати го ова писмо на 9 луѓе за да имаш среќа“.

Што сакал Зеленски да каже со шегата? Според рускиот новинар Слава Маламуд, тој сакал да го „чепне“ Путин за големиот пад на населението што тогаш се случуваше во Русија, но и да имплицира дека Путин засекогаш ќе остане на власт.

Сцената е од руското шоу КВН за млади комичари, каде Зеленски долго време беше капитен од својот роден град.

А, еве една слична сцена од истото шоу. Путин плаче од смеа на пантомимата на Зеленски.

Поврзани содржини