МИНИСТЕРСТВОТО СО СВОЈА РЕАКЦИЈА ЗА БИТОЛСКАТА ГРАДИНКА Градоначалникот и општинскиот Совет го попречуваат функционирањето

Поради повреда на одредбите од Законот за заштита на децата, МТСП до градоначалникот Тони Коњановски и Советот на Општина Битола достави укажување за постапување за избор на член на Управен одбор од редот на вработените во установата. Поради непостапување во даден рок, МТСП донесе Решение за одземање на надлежноста на градоначалникот и на Советот Општина Битола, во делот на избор и разрешување на член на Управен одбор во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара, велат од Министерството.

417

Министерството за труд и социјална политика(МТСП) реагираше на денешните обвинувања од страна на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, дека централната власт се меша во работата на општината со што ја блокира работата на најголемата градинка во градот, „Естреја Овадија Мара“ во која се згрижуваат околу 700 деца во девет посебни објекти.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата на МТСП во целост:






„МТСП целосно и докрај го спроведува Законот за заштита на децата, со цел детските градинки да ја извршуваат својата основна функција, згрижување на децата од предучилишна возраст.

Во согласност со извршениот редовен инспекциски надзор, во ноември 2021 година, инспекциската служба утврди дека иако има законска обврска, Советот на општината ги нема донесено Годишната програма на општината за 2022/2023 г. и Годишниот извештај за работа на предучилишната установа за 2021 г. за ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, со што го попречил згрижувачко-воспитниот процес на околу 700 деца во девет објекти.

Поради повреда на одредбите од Законот за заштита на децата, МТСП до градоначалникот Тони Коњановски и Советот на Општина Битола достави укажување за постапување за избор на член на Управен одбор од редот на вработените во установата.

Поради непостапување во даден рок, МТСП донесе Решение за одземање на надлежноста на градоначалникот и на Советот Општина Битола, во делот на избор и разрешување на член на Управен одбор во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“.

Речиси идентична состојба има и во ЈОУДГ „Мајски Цвет“- Битола, нема донесено Годишна програма, Извештај за работа во предучилишна установа, ниту е именуван член на  УО од редот на вработените.

МТСП ќе продолжи да се грижи за сите деца згрижени во предучилишните установи и ќе ги спроведува одредбите од Законот за детска заштита, при што секогаш ќе  се спротивстави на обидите за политизација на законското работење на институцијата“, се вели во реакцијата на Министерството.

Поврзани содржини