КОЈ Е БОРТНИКОВ, МОЖНИОТ „АTЕНТАТОР“ НА ПУТИН? Шефот на некогашното КГБ вмешан во убиства, интриги, криминали…

Две убиства во руската Федерална служба за безбедност(ФСБ) се поврзуваат со неговото име, коруптивна продажба на парцели и бизнис-врски во најмоќните руски компании. Со Путин се познаваат од 70-тите години, а близок е и со Медведев, кој го постави на чело на ФСБ во 2008 година. Александар Бортников е идеалниот кандидат за организатор на тајниот атентат врз Путин.

3,137

Не улична револуција, но тивок атентат можеби му се спрема на рускиот претседател, а според Службата за безбедност на Украина, организаторот на оваа здружена акција од луѓето на врвот во Русија е Александар Бортников, неговиот колега од КГБ и сегашната ФСБ, Федерална служба за безбедност, на чие чело тој е од 2008 година. Се смета дека кавгата меѓу Путин и Бортников настанала кога Бортников на својот пријател му презентирал анализи дека евентуалната војна во Украина, нема да биде толку успешна и ќе трае и трае…

Според лондонскиот Тајмс, Бортников и Путин првпат се сретнале додека двајцата биле стационирани во Ленинград во текот на 1970-тите. Бортников, како и Путин потоа бил префрлен во Москва. Од неговото назначување за директор на ФСБ се вели дека агенцијата се вратила на својата политика на „казнен меч“.






Член на кругот на т.н. Силовики, руската воена елита, директор во најмоќната руска компанија за бродови „Совкомфлот“ со директни бизнис-врски во руското општество. Дури и неговиот син е заменик-директор на познатата ВТБ Банка. И без да организира атентат, тој, според руските извори, е најсилниот кандидат за наследник на Путин. Кој е Александар Бортников?

Раниот живот и кариерата во КГБ

Бортников е роден во градот Перм во 1951 година. Дипломирал на Ленинградскиот институт за железнички инженери во 1973 година, а се приклучил на КГБ во 1975 година. Следните 28 години ги поминал работејќи за КГБ, која потоа се нарекувала Федерална контраразузнавачка служба (ФСК) и на крајот ФСБ, со седиште во Санкт Петербург.

Што зборувал шефот на КГБ со Мајк Помпео?

Во февруари 2015 година, на покана на Соединетите Американски Држави, Бортников ја предводеше руската делегација на самитот во Вашингтон за борба против насилниот екстремизам. Три години подоцна, Бортников повторно ги посети САД на необично патување заедно со шефот на Службата за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин и шефот на военото разузнавање на руските сили (ГРУ), Игор Коробов…

Тројцата се состанаа во Вашингтон со директорот на ЦИА Мајк Помпео и според соопштенијата за печатот од ЦИА, наводно разговарале за заканата од борците на Исламската држава кои се враќаат од Сирија во Русија и Азија.

извор: јутјуб

Убиствата на Литвиненко и Козлов

Во февруари 2007 година, руското списание „Њу Тајмс“ напиша за планот за убиство на пребегнатиот офицер на ФСБ, Александар Литвиненко , повикувајќи се на извор во ФСБ, тврдејќи дека „шефот на Одделот за економска безбедност на ФСБ, генерал-полковник Александар Бортников, наводно бил назначен за надзорник на операцијата“.

Во мај истата година, Бортников наводно бил вмешан во случај на перење пари што го истражуваше руското Министерство за внатрешни работи во врска со убиството на заменик-шефот на Централната банка Андреј Козлов.

Обвиненија за корупција

На 27 јули 2015 година, Новаја Газета објави истражен извештај во кој се тврди дека Бортников, како и голем број други високи функционери на ФСБ договориле продажба на 12 хектари земјиште на местото на јавна детска градинка покрај автопатот Рублево-Оспенски. Во замена за незаконска приватизација на јавното земјиште, секој наводно добил околу 2,5 милиони долари.

Според весникот, објавените истраги се една од причините поради кои ФСБ понудила да го затвори јавниот пристап до регистарот на сопственост на имотот на „Rosreestr“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека не е информиран за каква било истрага за погрешно постапување.

Сталинистичките чистки

Во отвореното писмо од декември 2017 година објавено од „Комерсант“, повеќе од 30 руски академици го критикуваа Бортников за обидот да ја легитимира големата чистка која на времето ја направил Сталин. Во интервјуто што Бортников го даде за „Росискаја газета“ тој рече дека архивите покажа дека „значаен дел“ од кривичните предмети од тој период „имале објективна страна“.

Никита Петров, историчар кој ги проучува советските безбедносни служби, ги осуди тврдењата на Бортников како „правен нихилизам“.

Санкциите ги погодија и таткото и синот

На 22 февруари 2022 година, како одговор на тоа што Русија ја призна независноста на сепаратистичките региони во источна Украина за време на увертирата на руската инвазија на Украина во 2022 година , американскиот претседател Џо Бајден објави дека воведува санкции за неколку руски поединци и банки.

Санкциите ги погодија и Бортников и неговиот син Денис, кој ја извршува и функцијата заменик претседател на ВТБ банка.

Поврзани содржини