Ова новинарите нема да ви го кажат за војната во Украина
Војната си е војна, ама бизнисот си е бизнис.
Паралелно со целото војување, бомбардирање и гинење, низ украинските гасоводи и понатаму се пумпа руски гас со полн капацитет, што за Украина, што за Европа.
Ако Украина одлучи да ја прекине испораката на гас преку својата територија, ќе ја изгуби поддршката од Западот, кој ќе се премрзнува (Русите прогнозираат послаби ветрови периодов, а со тоа и помалку енергија од обновливи извори), а Русија ќе ги изгуби парите што ги прави од баснословните цени на берза.
Моментално преку Украина се испорачуваат 100 милиони кубни метри гас дневно, што е речиси максимумот, за што пак Киев добива пари од Москва како што беше и пред војната.
Војна (иако официјално непрогласена) си е војна, а бизнис си е бизнис. Колатерала се обичните луѓе од двете страни на фронтот кои гинат како глувци.
Инаку, ако која било од страните прогласи воена состојба, транспортот на гас кон Европа низ Украина инстантно ќе мора да прекине.
Ова се тие работи кои новинарите не сакаат да ви ги раскажат, туку секојдневно ве бомбардираат со платена политичка програма и со тажни слики од фронтот, божем вие сте нови на планетава и не знаете колку е грда војната.
Дополнение: Западните санкции кон Русија важат за сите банки освен за двете најголеми, Спербанк и Газпромбанк, преку кои одат меѓународните плаќања за рускиот гас и преку кои се одвива 70% од платниот промет на Русија со западот. И ова нема да ви го кажат новинарите.
(Фејсбук статус на авторот)