ТЕРА МАДРЕ САЛОН ДЕ ГУСТО СЕ ВРАЌА ВО ГРАДОТ Торино – домаќин на производители на храна и активисти на Слоу Фуд од целиот свет

Настанот ќе се одржи во Торино, Италија, од 22 до 26 септември 2022 година, а ќе се фокусира на регенерацијата. Тера Мадре беше лансиран во 2004 година како глобален собир на производители на храна од целиот свет и стана средство за развој и примена на филозофијата на Слоу Фуд ширум светот.

204

14-тото издание на Тера Мадре Салон дел Густо (Terra Madre Salone del Gusto) ќе се одржи во Торино од 22-26 септември 2022 година. Станува збор за најголемиот собир на мрежата Слоу Фуд (Slow Food) и е жив пример за тоа како храната може да биде мост до мирот. Ова покажува како, преку вклучување и размена, можеме да негуваме подобра иднина заедно. Најголемиот и најважниот меѓународен настан посветен на политиката за храна, одржливото земјоделство и животната средина е организиран од Слоу Фуд, регионот Пиемонт и градот Торино.

Слоу Фуд сака да ја искористи енергијата на своето глобално движење со повторно обединување на производителите на храна и активисти од целиот свет во Торино. Целта на настанот е да се дизајнира поинаква иднина за храната, иднина која се обликува преку секојдневниот избор на поединци, во колективните напори на заедниците и во политиките на јавните и приватните институции.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини