СЕ ТРОШЕЛО КАКО ДА ЌЕ НЕМА УТРЕ Директорите наследија презадолжени јавни претпријатија

Луѓето мора да бидат свесни дека некој овие претпријатија ги донел до раб на пропаст. Граѓаните мора да имаат добри услуги, најдобри. И тоа ќе го добијат, истакна скопската градоначалничка Данела Арсовска.

2,206

Јавните претпријатија се презадолжени. На пример, ЈСП е во загуба од три милиони евра. Сега треба да се консолидира. Се трошело безумно, се трошело како да ќе нема утре, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма.

Според неа, директорите на јавните претпријатија се кус временски период за да може да се даде конкретен резултат, но нема да има непродуктивни трошоци.






– Луѓето мора да бидат свесни дека некој овие претпријатија ги донел до раб на пропаст. Граѓаните мора да имаат добри услуги, најдобри. И тоа ќе го добијат – додаде Арсовска.

Секој што се обиде да донесе инвестиција во градот Скопје е добредојден, посочи таа.

– И доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прокажува проактивност во таа насока мене ми драго. Само на власта тендери и провизии им се вртат низ главата. Тоа не е реалноста. Реалноста е дека во овие 120 дена, никој од економските ресори од владата не пројави проактивност да донесе некаква инвестиција во градот. Ниту се јавил, ниту ме повикал – истакна градоначалничката Арсовска.

Арсовска уште објасни дека владата и економските ресори не се заинтересирани за состојбата во градот.

– Кој било од владата да дојдеше да кажеше дека ќе донесе инвестиција во градот Скопје јас ќе го поддржев. Еве на пример министерот за локална самоуправа Милевски, да дојдеше и да кажеше „сакам да донесам инвестиција во градот Скопје“, јас ќе го поддржев. Затоа што тоа е добро граѓаните. Сега во овој момент средства нема и граѓаните го знаат тоа, но тоа не значи дека ние електрични автобуси нема да набавиме. Градот во овој момент со буџет во којшто е задолжен за повеќе од 160 милиони евра, нема средства, меѓутоа има донатори, има фондови и има начини како да се изведе она што треба. И јас сум подготвена со секој еден, па дури и со претставници на Владата да седнам на маса. За жал Владата досега со ниту еден чекор не покажа дека е способна или подготвена за доброто на граѓаните да соработува со локалната самоуправа, во којашто по ничија вина мнозинството е не доаѓа од нивната политичка партија – дополни Арсовска.

Поврзани содржини