КАРАМБОЛ НА МОСТОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“ Сообраќајка на три возила, нема повредени
Во сообраќајката учествувале возила Хјунади, Фиат и Пасат, сите со скопски регистерски ознаки.
Сообраќајна незгода на три возила се случи денеска во 13:50 часот на крстосницата на бул. „Крсте Мисриков со бул. „Кузман Јосифовски Питу“.
Причинета е материјална штета, а досега нема пријава за повредени лица, информираа за МИА од СВР Скопје.
Во сообраќајката учествувале возила Хјунади, Фиат и Пасат, сите со скопски регистерски ознаки.