МИГРАНТ ОД КОНГО ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ЛОЈАНЕ Не се пронајдени траги од насилство
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово утврдено е дека станува збор за Б.К.(41) од Република Конго, велат од МВР.
Државјанин на Република Конго е пронајден мртов во дворно место на верски објект во липковското село Лојане, соопшти денеска кумановската полиција. Лекар констатирал смрт без насилство на телото на починатото лице.
– Вчера во 06:00 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во дворно место на верски објект во село Лојане било пронајдено починато лице-мигрант. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово утврдено е дека станува збор за Б.К.(41) од Република Конго – соопштија од полицијата.
По насока на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за погреб.