ПОБЕГНАА ОД УКРАИНА, НАСТРАДАА ВО ПОЛСКА Пет деца се повредени во превртен автобус полн со бегалци (ФОТО)

Групата беше однесена во блиската доброволна противпожарна бригада. Таму бегалците добија топол оброк, пијалоци и психолошка поддршка, вели портпаролката на окружниот полициски штаб во Свидник.

1,203

Тешка сообраќајна несреќа се случила во четвртокот наутро во Полска, кога се превртел автобус полн со бегалци од Украина. Несреќата се случила на магистралниот пат број 17, делница Лублин – Краснистав, кај местото Колонија Сидлски.

Во болница се примени пет деца и еден возрасен, соопшти полицијата. Според првите информации децата не се опасни по живот. Жени и деца од Украина патувале од граничниот премин Хребена до Варшава.






фото: Полиција Лублин

– Автобусот одел во правец на Варшава, а потоа излетал од патот во канал и се превртел – соопшти полицијата.

Во автобусот имало 73 лица, меѓу кои и двајца возачи, пишува „Polsat News“.

– Возачот (47) не бил под дејство на алкохол – известила портпаролката Елвира Домараџка од окружниот полициски штаб во Свидник.

фото: Полиција Лублин

Таа додаде дека прелиминарните полициски наоди покажуваат дека возачот најверојатно заспал зад воланот.

– Бев на местото на несреќата, службите веднаш интервенираа, спасувачката акција беше спроведена ефикасно и динамично. Противпожарните и полициските единици беа многу брзо изведени на местото на настанот – рече таа.

Таа додаде дека полицајците им помогнале на жените и децата да излезат од автобусот.

фото: Полиција Лублин

– Групата беше однесена во блиската доброволна противпожарна бригада. Таму бегалците добија топол оброк, пијалоци и психолошка поддршка – додаде таа.

Портпаролката истакна дека луѓето веднаш дошле на помош.

фото: Полиција Лублин

– Беше организирана масовна мобилизација, луѓето почнаа да носат храна и ќебиња. Јасно беше дека сите се со отворено срце и сакаат да помогнат – рече Домараџка и додаде дека се чекаат информации од болницата за повредени.

Во моментов од каналот на местото на несреќата се извлекува автобус со специјализирана опрема.

Да потсетиме, повеќе од половина милион луѓе побегнаа од Украина во Полска во изминатите осум дена поради руската инвазија.

Поврзани содржини