ГУГЛ-МАПС ОНЕВОЗМОЖИ УЛИЧНИ МАПИ ОД УКРАИНА Русите нема да го видат „сообраќајот“
Мислам дека бевме првите луѓе што ја видоа окупацијата - изјави професорот Џери Луис од колеџот Мидлбери за спиаснието „Motherboard“, мислејќи на показателите за сообраќај на Гугл-мапс.
Гугл-мапс оневозможи на картите од Украина да се гледа колку сообраќај има по патиштата и од која насока, затоа што руските војници тоа можат да го искористат, пишува Футуризам. Ова изгледа како мала помош, но ваквите информации се од големо значење за руската војска.
– Мислам дека бевме првите луѓе што ја видоа окупацијата – изјави професорот Џери Луис од колеџот Мидлбери за спиаснието „Motherboard“.
– И тоа го видовме баш во делот од апликација кој покажува сообраќај – додава тој.
Џери Луис е убеден дека Гугл-Мапс, односно фирмата сопственик „Алфабет“ во неделата ја донела правилната одлука.
– Мислам дека компаниите за големи податоци честопати не сакаат точно да се соочат со тоа колку корисни можат да бидат нивните податоци. Кога ние тоа го правиме за наши потреби е кул, нели? Но, ич не е кул ако ова (мапите за сообраќај) Русите ги искористат за да забележат офанзива на Украинците – вели компјутерџијата.