ОСМАНИ ГО ОСУДУВА ПУТИН Признавањето на Доњецк и Луганск е кршење на меѓународното право

Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија уште еднаш ја искажува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, напиша Османи.

2,678

„Силно го осудуваме признавањето од страна на Русика на украинските области Доњецк и Луганск како независни“, напишал пред половина министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот твитер-профил, осудувајќи го потегот на рускиот претседател Владимир Путин.

 






„Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија уште еднаш ја искажува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша Османи.

Во меѓувреме, руското признавање на сепаратистичките региони го осудија и НАТО, претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен и британскиот премиер Борис Џонсон.

 

 

 

Поврзани содржини