НАРОДОТ НЕ Е НАИВЕН Николовски вели дека власта не ги казнува градоначалниците со опструкциите, туку граѓаните

Народот не треба да биде потценет затоа што добро разбира што прави оваа ненародна власт. Ја казни жестоко на локалните избори, а ќе ја казни уште пожестоко на предвремените парламентарни избори коишто ќе се случат побрзо од што мислат, заклучи Николоски.

564

Јасна е поставеноста на политичката сцена и јасно е кој каде е. ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Мицкоски и од градоначалниците кои што реализираат проекти е на делот на реализација на проекти, на промени и на делот на кој што носи иднина, СДСМ сѐ уште од позадина раководено од Зоран Заев и од неговите пиуни кои што преставуваат најдобар израз на заевизмот е она што влече назад и што е ретроградно, ова денеска го истакна во неговиот говор потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на настанот „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт – отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ кој беше организиран во Битола.

Николоски потенцираше и дека власта во овие 100 дена правеше сѐ за да ја попречи работата на општините, па затоа се толкави долговите на истите и затоа не стигаат дотациите од буџетот. Со ваквата блокада според него власта сака да ги казни градоначалниците, но заборава дека го казнува народот кој ќе ја казни на локалните избори и ќе ја казни уште пожестоко на предвремените парламентарни избори.






– Во такви услови тие мислат дека доколку ги казнат општините и доколку не помогнат на општините ќе ги казнат градоначалниците, но во суштина го казнуваат народот, а народот не е наивен. Народот не треба да биде потценет затоа што добро разбира што прави оваа ненародна власт. Ја казни жестоко на локалните избори, а ќе ја казни уште пожестоко на предвремените парламентарни избори коишто ќе се случат побрзо од што мислат – заклучи Николоски.

Поврзани содржини