ПОЛИЦАЕЦ МУ ГО ГРИЗНАЛ ПРСТОТ НА КОМАНДИРОТ Бизарен инцидент се случил во Пехчево

Инцидентот се случил на 25 декември лани во ресторанот Бастион во селото Ратево, за време на предновогодишната прослава организирана од страна на 35 полицајци во полициската станица Пехчево.

736

По вербална расправија за време на предновогодишна забава, полицаец од Пехчево го гризнал за прст својот командир.

Инцидентот се случил на 25 декември лани во ресторанот Бастион во селото Ратево, за време на предновогодишната прослава организирана од страна на 35 полицајци во полициската станица Пехчево.






Повредениот командир, потоа, на 8 јануари, официјално побарал од внатрешната контрола на МВР да го испита случајот, повел кривична постапка пред Основниот суд во Берово, а во посебна граѓанска тужба побарал и отштета за претрпената повреда.

Според дел од медиумите, ОВР Берово се обидело да го заташка случајот бидејќи не бил направен никаков записник за инцидентот, пренесе Телма.

Поврзани содржини