ФУДБАЛСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ И МАНЕКЕНКАТА СТАНАА РОДИТЕЛИ Тамара роди син (ФОТО)

Инаку, новопечените родители пред крајот на 2021 година стапија во брак.

2,109

Дарко Велковски, фудбалски репрезентативец на Македонија кој игра за хрватскиот прволигаш Риека и неговата сопруга, манекенката Тамара Чуприна станаа родители.

Тамара денеска на свет донесе машко дете. Манекенката на Инстаграм ја сподели среќната вест дека станала мајка, а го откри и името на нивниот син, ќе се вика Ведран.






 

Инаку, новопечените родители пред крајот на 2021 година стапија во брак. Дарко и Тамара направиле интимна свадбена веселба за семејството и пријателите.

 

На Инстаграм осамнаа фотографии од венчавката и од подготовката на невестата.

Тамара во септември објави дека за првпат ќе станат родители.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини