КИЕВ ЌЕ ПАДНЕ ЗА 72 ЧАСА: Драматично предупредување од американски генерал

4,247

Американскиот генерал Марк Мили им рекол на официјалните лица дека Киев може да падне во рок од 72 часа доколку се случи целосна руска инвазија на Украина; објави Нова.рс.

За време на брифингот зад затворени врати на 2 и 3 февруари, Мили рекол дека руската инвазија на Украина во целост може да резултира со смрт на 15.000 украински војници и 4.000 руски војници. Неколку американски законодавци изразија загриженост поради тоа.






Американските власти истакнуваат дека американската разузнавачка служба проценува дека Русија подготвува голема инвазија на Украина и дека веќе располага со 70 отсто од силите потребни за таква операција.

Москва веќе има собрано 110.000 војници на границата со Украина и би можела да има доволен капацитет да започне офанзива за две недели, според официјални лица кои ги информираа членовите на американскиот Конгрес и американските европски партнери во последните денови.

Поврзани содржини