НОВИ НАВИКИ ЗА ШОПИНГ Купувањето се пресели во онлајн продавниците
Најголем број луѓе кои купуваат производи или услуги преку Интернет во последната година е забележан во Холандија. Во оваа земја, дури 94 отсто од населението минатата година купило нешто преку Интернет.
Пандемијата го наруши купувањето во продавниците, а сето тоа влијаеше и на онлајн шопингот. Според податоците на Евростат, во текот на 2021 година, 74% од луѓето на возраст меѓу 16 и 74 години нарачале производи или услуги преку Интернет.
Најголем број луѓе кои купуваат производи или услуги преку Интернет во последната година е забележан во Холандија. Во оваа земја, дури 94 отсто од населението минатата година купило нешто преку Интернет.
По Холандија, на листата се Данска со 92 отсто и Шведска со 89 отсто.
Најмалку се купувало во Романија и во Бугарија. Во овие земји, нешто повеќе од 40 отсто од луѓето купуваат онлајн.
Во последните неколку години најголем раст на онлајн купувањето е забележан во Чешка, Словенија и во Унгарија.
Најчестите производи што луѓето ги купуваат преку Интернет се облеката и обувките. По овие производи, следува достава на храна од ресторани, брза храна, потоа е мебелот, производи за домаќинството и за градина, како и производи за козметика, убавина и здравје.
Книгите и списанијата не поминуваат лошо, а електронските уреди како телефони, компјутери и таблети се на последно место.