АМЕРИКАНЦИТЕ ПАК ИЗВРШИЈА „МИСИЈА“ ВО СИРИЈА Најмалку деветмина убиени, меѓу нив жена со две деца

Американските сили за специјални операции под Централната команда вечерва извршија антитерористичка мисија во северозападна Сирија. Мисијата беше успешна. Немаше американски жртви, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

531

Американската војска успешно изврши антитерористичка мисија во северозападна Сирија, соопшти Пентагон, додавајќи дека нема американски жртви. Жителите на северозападниот град Атмех и бунтовниците кои се борат против сириската влада претходно известија за неколку цивилни жртви во двочасовната операција. Се верува дека мети биле џихадисти поврзани со Ал Каеда.

– Американските сили за специјални операции под Централната команда вечерва извршија антитерористичка мисија во северозападна Сирија. Мисијата беше успешна. Немаше американски жртви – изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.






Според Сириската опсерваторија за човекови права, меѓу загинатите има тројца цивили. Според еден жител а неколку лица загинале во нападот, додека друг вели дека спасувачите од урнатините на катната зграда извлекле најмалку 12 тела, меѓу кои има деца и жени.

„Најмалку девет лица, меѓу кои две деца и една жена, беа убиени во операцијата“, рече за SETimes Рами Абдел Рахмане, директор на опозициската опсерваторија.

Тој додаде дека дополнително ќе бидат соопштени повеќе информации.

Жителите на Атмех изјавија дека операцијата се случила околу полноќ во густо населена област на границата со Турција каде што десетици илјади сириски бегалци живеат во импровизирани сместувања.

 Жителите и бунтовничките извори велат дека неколку хеликоптери слетале во близина на Атме во провинцијата Идлиб, последната голема енклава која ја држат бунтовниците кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад, а експлозии се слушнале во близина на домот на странски џихадист.

Поврзани содржини