ДАЛИ ПЕНДАРОВСКИ ПРЕДИЗВИКА РАЗДОР ВО БУГАРСКОТО ЕДИНСТВО? Радев и Петков во отворена војна за Македонија

Претседателот на Македонија вчера изјави дека не направил ништо лошо со тоа што ги примил Македонците од Бугарија, нагласувајќи дека пред извесно време кај Радев беа примени претставниците на Бугарите од Македонија.

830

На претседателот на Бугарија Румен Радев не му се допаѓа тоа што претставниците на ОМО Илинден Пирин неодамна беа примени од нашиот претседател Стево Пендаровски. Тој своето незадоволсто го истури врз премиерот Кирил Петков, порачувајќи му дека во светло на последните настани, неговата посета на Македонија се чини како избрзана.

Петков возврати потоа дека дека посетата не само што не била избрзана, туку била и премногу задоцнета и упати директна порака до Радев во врска со водењето на надворешната политика.






-Вистината е дека ние загубивме 30 години во овие односи. Не само што не е избрзана посетата туку беше ужасно задоцнета. Не од мене Кирил Петков како премиер, тоа беше задоцнето од бугарската држава да има активна позиција и да има конструктивен тон на дејствување, да има јасни цели и точен пристап. Доброто е што надворешната политика на Македонија и на Бугарија зависи од премиерот и Владите на двете држави – изјави Петков.

Темата за конфликтот меѓу Радев и Петков за односите Скопје- Софија влезе и во бугарското собрание. Потпретседателот на опозициската ГЕРБ Тома Биков порача дека меѓу двајцата лидери нема несогласувања туку директен судир по повеќе теми, а прашањето за односите со Македонија само се злоупотребува.

Инаку здружението на Македонците од Бугарија, ОМО Илинден Пирин води долгогодишна правна битка со бугарските институции, за признавањето на правото на македонската самосвест.

Претседателот на Македонија вчера изјави дека не направил ништо лошо со тоа што ги примил Македонците од Бугарија, нагласувајќи дека пред извесно време кај Радев беа примени претставниците на Бугарите од Македонија.

Поврзани содржини