ДРЖАВЕН УПАД ВО РАБОТАТА НА СМЕТКОВОДИТЕЛСКАТА ДЕЈНОСТ Владата законски сака да воспостави контрола врз дејноста
Пратеникот Бојан Стојкоски побара да се организира јавна расправа за Законот за сметковоствена дејност.
Пртаеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски обвини дека владата прави упад во работењето на сметководителскиот бизнис со оддрелни решенија во Законот за вршење сметководствени работи кој со европско знаменце денеска е на расправа во собранието.
Според него, веќе стана обичајда се злоупотребува Комисијата за европски прашања и закони од област на други работни тела се разгледуваат по забрзана постапка.
– Со Законот за вршење сметководствени работи се предвидува државен упад во бизнисите. Власта формира Совет за унапредување и надзор на сметководствената професија составен од пет члена, од кои тројца се на предлог на министерот за финансии. Овој Совет во своите ингеренции има надлежност да спроведе контрола на работењето на сметководителите т.е. друштвата за вршење сметководствени работи и трговци поединци сметководители. Ваквите одредби се крајно неевропски и асоцираат на едно друго државно уредување во кое се контролира целосно работата на приватниот сектор – изјави Стојаноски.
По донесување на Законот, како што рече, ќе се направи промена во раководството на Институтот на сите сметководители, а новиот в.д. претседател ќе го одбере ад хок комисија која ја формира Советот што го формира Владата.
– Поради овие и многу други забелешки кои ги доставија до нас сметководителите баравме и добивме ветување од владинито парламентарно мнозинство дека ќе се одржи јавна расправа во следниот период на кој ќе бидат повикани сите заинтересирани страни – појасни Стојаноски.