ДАЛИ БУГАРИЈА СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН РУСИЈА? Енчев смета дека политиката на Путин е оправдана, Украинците ги спореди со Македонците

Според новинарот, со барањето од соседите да ги вклучат македонските Бугари во Уставот на Македонија, заедно со другите етнички групи, Бугарија не добила ништо. Прво, ваквата уставна промена треба да ја поддржат и македонските пратеници, додаде тој.

2,565

Русија има основа да ја води својата сегашна политика кон Украина, смета бугарскиот новинар Велизар Енчев, експерт од областа на меѓународното право. Како што вели, земјата во последните 20 години е опкружена со членки на НАТО од „источниот фронт“.

Близината на нивните воени бази претставува огромна опасност за Руската Федерација, објаснува експертот, додавајќи дека хиперсонична ракета истрелана оттаму би можела да стигне до границите на Санкт Петербург за пет до седум минути и дека траењето на летот на оружјето од Украина би бил краток.






– Разбирате дека барањата на Путин е да се запре ширењето на НАТО, да не се распоредува офанзивно оружје на територијата на Украина и во земјите на Алијансата, особено Литванија, Латвија, Естонија, Романија и Бугарија, а што е се сосема логично – изјави Енчев за бТВ.

Сепак, тешко дека рускиот претседател ќе направи фатална грешка во однос на инвазијата на Украина.

– И покрај тоа, украинскиот народ е дел од рускиот народ – истакна новинарот.

Во исто време, Енчев ги спореди руско-украинските односи со ситуацијата меѓу Бугарија и Македонија.

– Украинците се, така да се каже, руски Македонци – смета експертот.

Според него, со барањето од соседите да ги вклучат македонските Бугари во Уставот на Македонија, заедно со другите етнички групи, Бугарија не добила ништо. Прво, ваквата уставна промена треба да ја поддржат и македонските пратеници, додаде тој.

– Вицепремиерот на македонската Влада, министерот за европски прашања Бојан Маричиќ, претходно изјави дека веќе се разговарало со ВМРО-ДПМНЕ да се даде согласност и Бугарите да бидат внесени во Уставот заедно со народите како Египќаните, Ромите, Црногорците и Србите. Според мене, тоа ќе биде целосно неисплатливо за Бугарија, бидејќи историските проблеми во овој случај ќе останат во втор план. За жал, ова е еден вид капитулација – заклучи новинарот.

Во последно време, Западот ја обвинува Русија дека наводно подготвува инвазија на Украина и дека Москва значително го зголемува своето воено присуство во близина на границите на Украина. Русија решително ги отфрла овие обвинувања како неосновани и опасни и нагласува дека ги преместува воените сили на своја територија во согласност со Уставот и дека Западот сето тоа го користи како изговор за натамошно проширување на Исток.

Поврзани содржини