ПОЧИНА АКТЕРОТ ОД „ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ“ Последните неколку години поминувал низ пекол
Пит Смит починал во саботата по долга борба со бубрежно заболување и деменција.
Новозеландскиот актер Пит Смит, најпознат по улогите во „Once Were Warriors“ и „The Piano“, почина на 63-годишна возраст.
Актерот починал во саботата по долга борба со бубрежно заболување и деменција, а неговиот син Помау Папали-Смит изјави дека долго време бил болен и дека неговото семејство е среќно што не мора повеќе да страда.
„Последниве седум години беше на дијализа, што со текот на годините си го зема својот данок. Нему му беше дијагностицирана и деменција во последните две години. Почнавме да правиме дијализа дома, но во текот на последните неколку недели претрпе инфекција со која се бореше во последните четири недели“, рекол Помау.
Смит дебитираше во научно-фантастичниот филм „The Quiet Earth“ од 1985 година, а ја освои наградата за најдобра споредна машка улога во долгометражниот филм на Нов Зеланд од 1987 година, „Летот на албатросот“. Тој глумеше во филмовите „The Piano“, „Once Were Warriors“ и „What Becomes of the Broken Hearted“, како и во „Shortland Street“.
Тој го глумеше во Орка во „Господарот на прстените: Враќањето на кралот“, а за својата улога во серијата „The Market“ во 2006 година ја доби наградата „Ер Нов Зеланд“ за најдобар спореден актер.
Беше во брак со Мона Папали, со која имаше шест деца.
ФОТО: Јутјуб