УЧЕНИЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО КЛУПИТЕ НА ПРВИ Министерот најави скрининг по случаен избор
Во врска со најавите на иницијативите дека децата ќе ги испратат во училиште без маски, министерот упати апел објаснувајќи: „Маски треба да се носат и личната хигиена е најважна“.
Министерот за здравство Беким Сали рече дека второто полугодие во училиштата ќе започне со физичко присуство бидејќи, затоа што епидемиолошката состојба го дозволува тоа, а Министерството за здравство ќе прави случаен скрининг меѓу учениците.
Доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, министерот најавува дека ќе бидат преземени мерки.
– Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерството ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки – одговори министерот изјави Сали на новинарско прашање.
Во врска со најавите на иницијативите дека децата ќе ги испратат во училиште без маски, министерот упати апел објаснувајќи: „Маски треба да се носат и личната хигиена е најважна“.
Според Сали, сите иницијативи кои се преземаат од родители и одредени групи не сносат правна одговорност и тоа го прават на сопствен ризик и избор, а притоа додаде дека ИЈЗ и МЗ имаат искуство со пандемии и епидемии кај децата и според нивните искуства нема да има потреба од изолација односно онлајн учење во овој период затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела.
Министерот напомена дека бројот на заболени е намален изминативе денови.
– Нема зголемување, туку забележуваме дека има опаѓа на бројот на заразени, па поради тоа сметам дека нема потреба од нови мерки – вели Сали.