ЦРНА ЖЕНА ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ СТАНЕ ЧЛЕН НА ВРХОВНИОТ СУД Бајден најави нејзина номинација
Не донесов никаква одлука освен дека личноста што ќе ја номинирам ќе биде личност со исклучителни квалификации, карактер, искуство и интегритет, изјави американскиот претседател.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе ја номинира првата црна жена во историјата на САД за член на Врховниот суд, обраќајќи и се на нацијата поради пензионирањето на либералниот судија Стивен Брејер.
„Не донесов никаква одлука освен дека личноста што ќе ја номинирам ќе биде личност со исклучителни квалификации, карактер, искуство и интегритет. И тоа ќе биде првата црна жена некогаш номинирана за член на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави“, изјави Бајден пред Белата куќа.