ЗАПЛОВИ АКИ ВО ЛЕГЕНДИТЕ Ајде бегај, тато, оти им е здодевно горе без тебе! (ВИДЕО)

Песни и потресни говори на последното испраќање на пејачот Аки Рахимовски на гробиштата Мирогој во Загреб.

8,270

Со песните „Зошто си ме мајко родила“, „My Way“ на Френк Синатра и „Sailing“ на Род Стјуарт, со потресни говори од своето семејство и од своите колеги и пријатели, денес, на загребскиоте гробишта Мирогој, беше погребан Аки Рахимовски, пејачот на Парни ваљак.

Ковчегот на Аки беше прекриен со македонско знаме.






Потресен говор одржа неговата ќерка Дина.

– Во една прилика рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек. Ти благодарам тато што ме научи дека човек е мал само под ѕвездите. Ајде бегај, така ми велеше, бегај ќерко. Бегај тато, оти им е здодевно горе без тебе. И да знаеш, сами ти, тато, и никој како ти. Те сакам – рече Дина.

 

 

 

Поврзани содржини