АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА НЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО УКРАИНА Бајден верува дека конфликтот ќе биде најголем по Втората светска војна

Таков настан може да го промени светот, изјави на прес-конференција американскиот претседател.

507

Евентуалната руска инвазија врз Украина би можела да биде „најголемата инвазија“ од Втората светска војна, со оглед на масовното воено присуство на Русија во близина на украинската граница, изјави американскиот претседател Џо Бајден, јави ДПА.

– Таков настан може да го промени светот – изјави на прес-конференција американскиот претседател. Тој предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „продолжува да распоредува војници долж украинската граница од Белорусија“.






На прашањето дали ќе размисли за преземање на необичниот чекор за воведување санкции директно на Пут ин доколку Русија ја нападне Украина, Бајден одговори потврдно. Тој истакна дека американските трупи во Украина нема да бидат распоредени.

Поврзани содржини