ВО АРМ ПРОЦЕДУРАЛНО Е ПОДИГНАТО НИВОТО НА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ Пендаровски вели нема одлука за воена инволвираност во Украина

2,494

Македонската јавност се вознемири по изјавите на министерката за одбрана Славјанка Петровска, која откри дека „нашата армија како дел од тие структури (НАТО) има обврска и веќе изготвува анализи за можностите за потенцијално наше учество, односно ангажман во евентуалниот судир“.

Претседателот Ствено Пендаровски објасни што значат активностите и подготовките на нашата армија, во контекст на тензиите што во моментов се случуваат на релација помеѓу НАТО и Русија, во врска со украинската криза. Врховниот командант посочи дека се работи за имплементирање на процедури за зголемување на борбената готовност, но не е донесена никаква одлука за воено инволвирање во евенуалниот воен конфликт.






„Република Северна Македонија, како дел од НАТО, учествува во процесот на планирање заедно со останатите членки за начините како Алијансата да се постави кон тензиите кои се зголемуваат во тој регион. Инаку, НАТО нема донесено одлука за воено инволвирање во евентуален конфликт, туку станува збор само за задолжителна процедура за кревање на нивото на мобилност во ситуација на зголемени тензии во регион кој граничи со неколку членки на Алијансата.“, се вели во одговорот на прашањето на Плусинфо, испратен од кабинетот на претседателот.

Поврзани содржини