ОВА Ѝ Е ШЕСТИ РАЗВОД Се зближиле за време на карантинот

Извор близок до двојката за „Ролинг стоун“ изјави дека „пандемискиот виор“ згаснал, а Памела во љубовта се однесува „автентично, како и во животот“.

989

Памела Андерсон повторно се разведува. Ѕвездата на „Чувари на плажата“ се раздели и од нејзиниот некогашен телохранител Ден Хејхерст, со кого се венчаа на Бадник на крајот од 2020 година.

Андерсон и Хејхерст, чија романса првпат беше потврдена во септември 2020 живееја заедно во нејзиниот дом на островот Ванкувер, Британска Колумбија, Канада, каде што и се венчаа. Извор близок до двојката за „Ролинг стоун“ изјави дека „пандемискиот виор“ згаснал, а Памела во љубовта се однесува „автентично, како и во животот“.






Таа претходно изјавуваше дека се зближиле додека биле заедно 24/7, за време на изолацијата.

Глумицата, која е на средина од шестото десетлетие од својот живот, зад себе има уште пет други брака, со Томи Ли, Кид Рок, Рик Саломон (се венчаа двапати), а потоа и со Џон Питерс. Бракот со филмскиот продуцент Питерс, сепак беше малку поинаку контроверзен… Тие се венчаа во јануари 2020 година, но по 12 дена, го поништија. Таа подоцна рече дека тоа не било ниту законски изведено. Со Ли, Памела има два возрасни сина.

Поврзани содржини