МРАЗАМ ШТО БЕШЕ НАПРАВЕН ИСКЛУЧОК ЗА НОВАК Ѓоковиќ не сакаше да се вакцинира
Вака го коментира скандалот со Ѓоковиќ познатиот тениски селектор Дерен Кејхил. Тој јасно разграничува меѓу тенисери кои не можат и оние кои едноставно, не сакаат да се вакцинираат.
„Го мразев тоа што правиме исклучок за Ѓоковиќ затоа што мислам дека изземањето треба да важи за луѓе кои сакаат да се вакцинираат, но не можат затоа што имаат корона, а потоа треба да почекаат неколку месеци за да се вакцинираат. Но, во случајот со Новак, тој никогаш не сакаше да се вакцинира, па затоа го мразев тоа што него го изземавме од вакцинирање“.
Вака го коментира скандалот со Ѓоковиќ познатиот тениски селектор Дерен Кејхил. Тој јасно разграничува меѓу тенисери кои не можат и оние кои едноставно, не сакаат да се вакцинираат.
– Ако имаш болест или нешто што те спречува да се вакцинираш, тогаш нема проблем, но мене ова не ми се допадна од самиот почеток. Од почеток беше проблематично и стануваше сè полошо и полошо. Одговорноста (тука) е на Австралиската тениска федерација. Крег Тајли сака да куртули од одговорност – заклучи поранешниот тренер на Лејтон Хјуит и Андреа Агаси – вели тој.